Извештај за транспарентност за 2018 година

Согласно барањата на Законот за ревизија (Законот), друштвото за ревизија Мур Стивенс ДОО Скопје (МСС) го објавува овој Извештај за транспарентност. Извештајот ги содржи информациите во врска со:

  • Описот на правната структура и сопственост на друштвото МСС;
  • Опис на професионалната мрежа и правните и структурните ангажмани во мрежата каде што припаѓа;
  • Опис на управувачката структура на друштвото МСС;
  • Опис на внатрешниот систем на контрола на квалитетот на друштвото МСС и изјава од административното или управувачкото тело за ефикасноста на неговото функционирање;
  • Датумот кога е извршена последната проверка за утврдување на квлитетот на ревизорот;
  • Список на субјекти на кои е извршена ревизија во текот на претходната година;
  • Изјава со која се потвдува дека постојат интерни процедури за проверка на усогласеноста на независноста на друштвото МСС;
  • Изјава за политиката што ја следи друштвото МСС за континуирана едукација на овластените ревизори;
  • Финансиска информација за вкупниот приход остварен од ревизијата и други надоместоци расчленет на четири категории од услуги на ревизијата, дополнителни услуги за утврдување на квалитет, даночни советодавни услуги и други неревизорски услуги;
  • Информација за основите по кои се утврдуваат примањата на овластените ревизори во МСС;

Новости и настани
Измени на Законот за ревизија

Во Сл.Весник на РМ бр.138 од 17.09.2014 година се објавени измените и дополнувањата на Законот за ревизија.

Нови овластени ревизори во Друштвото

Како резултат на успешно завршениот циклус на испити за овластен ревизор, сениор ревизорите Наташа Илиевска и Марија Божиновски

Обука за внатрешна ревизија во акционерски друштва од стопанство

Друштвото за ревизија Мур Стивенс ДОО Скопе успешно организираше обука за Процедури за организација и работење на Службата за внатрешна ревизија согласно потребите кои произлегуваат од измените на ЗТД.